2023-та може да биде полоша од 2022-та година – бизнисмените песимисти

И 2023 ќе биде година на предизвици – бизнисите ќе се соочат со бројни потешкотии и нејаснотии. Високата инфлација, цената и достапноста на енергенсите, зголемените трошоци за се, недостатокот на работна сила и  одржување на ликвидноста, па и последиците од пандемијата ќе продолжат силно да се чувствуваат.

За да издржи стопанството неопходна е силна државна поддршка која засега исотанува.

  • Не очекуваат многу нејаснотии , дали и до кој степен ќе се стабилизира цената на електричната енергија , ликвидноста на компаниите по две години криза и друг предизвик е работната сила – македонските работници се атрактивни за економиите од Европа. Трендот на покачување на каманите стапки ќе има влијание и врз бизнисот. Предизвикот е финансиски , енергетски и во делот на економската сила рече Дрилон Исеини – Извршен директор на северозападна комора на Македонија.

Најпогодени од кризата беа малите компании. 11 илјади микро и мали фирми во 2022 ставија клуч на врата , што е силен аларм дека државните политики се погрешно поставени.

  • Во делот на средните компании и тие имаат потешкотии тие или привремено или делумно требаше да затворат. Секое намалување на трошоци е добродојдено, но проблемот треба да се гледа и од другите аспекти , како во делот на минималната плата тоа беше политика која ние ја поддржавме и тоа се ревлектира. Ако се гледаат хронолошки мерките претежно фокусот беше кон потрошувачот, но треба да се поддржат работодавачите. Сега треба да се видат како мерките имаа ефект и врз тоа да се гарнираат нови вели Дрилон Исеини – Извршен директор на северозападна комора на Македонија  .

Ефектот на високата инфлација ќе се задржи и годинава, а ќе има проблем и во стабилизацијата на пазарот поради руско – украинската криза што ќе се одрази пред се врз цените на прехранбените производи.  

Поради нефункционирањето на украина ќе растат цените на прехранбените производи вели Антони Пешев – Извршен директор на стопанска комора.  

Странските инвеститори  сметаат дека инфлацијата ќе продолжи да расте и стравуваат од отпуштање на работници ,  а се поголем е проблемот со работната сила.  Поразително за македонската економија не е само што работниците се повеќе купуваат билет во еден правец, туку и тоа што странските инвеститори се соочуваат со проблеми да вработат лица кои не се државјани на Македонија поради комплицираните постапки за престој.

  • Државата треба да интервенира во подобрување на инфраструктурата , но и во исполнување на договорните обврски, намалување на оперативните трошоци , дополнително усогласување на царинските стапки . Олеснување на постапките за престој на странски државјанин кај нас рече Виктор Мизо –  Асоцијација на странски компании со технолошко напредно производство.

И наместо во новата година да влеземе со нови мерки за поддршка на стопанството, ние влегуваме со нови давачки – Владата воведува кризен односно данок на екстра профит. Прогресивното оданочување, барем засега, се одложува.

Бизнисмените во новата година влегуваат со несигурност и претпазливост, но сепак и со надеж дека државата конечно ќе ги има слух за нивните барања.

Кристина Алексиеска

Advertisements