Над три илјади операции за една година , околу 80.000 прегледи и интервенции. Осум пациенти живеат, без компликации, со вештачки срца оперирани, минатата година, токму тука, во клиниката на д-р. Жан Митрев. 2019 година беше нивна најуспешна година.

Десетгодишнината од основањето на болницата, броеше 10.000 операции. По дваесет години успешно работење болницата има направено 35.000 операции .

– Воспоставив, така да кажам, приватна медицина, меѓутоа достапна за секој човек. Пациентите, значи социјални случаи, било кој ќе може да биде лекуван во ваква институција, каде ќе го добие највисокиот стандард, а притоа пациентот ништо да не плати.

1 март 2000 година е датумот кога започнува нова историјата во македонското здравство, нова ера во кардиоваскуларна хирургија, направена е првата бајпас-операција. Две години подоцна е направена и првата операција на отворено срце врз буден пациент. Во декември 2018 година, како врв на медицинскиот развој, ја стартува и ја разви и програмата со механичка циркулаторна поддршка за третман на срцева слабост. 2019 продолжува и развојот на детската кардиохирургија.

– Македонија е една од водечките земји сега во целиот регион, кај што има развиена приватна медицина, каде што државното сакало или не мора да го следи тоа, каде што и политичарите, сакале или не, мора да инвестираат на некој начин во тоа јавно здравство.

Митрев вели сега капацитетот им е поголем, а најважен е квалитетот и услугите што ги нуди болницата. Успешната приказна не завршува тука, во 2002 година, д-р Митрев беше промовиран за академик на плато. Активностите на клиниката се промовираа и презентираа на повеќе светски конгреси здобивајќи се со престижни награди. Во 2017 година клиниката влегува во семејството најпрестижната организација за акредитација на болници во целиот свет .
Македонија има со што да се пофали во светот, а клиниката е успех по кој ќе ме памтат идните генерациите, вели првиот доктор.

Викторија Миткова