20 000 хонорар за експерти што си ги избра и покани Владата

20000 денари – по толку им искеширала Владата на експерти што самата ги избра и покани да учествуваат во петте јавни дебати за уставните амандмани. Денеска ова го соопшти владиниот портпарол Миле Бошњаковски, нагласувајќи дека не биле платени сите, туку оние на кои Владата им нарачала да изработат  специјални експертизи. Не кажа кому дале пари, за тоа дополнително ќе известеле.

-Не плативме на сите учесници, туку само на дел на кои им побаравме да ни изработатстручен труд од областа за која се професионалци, рече Бошњаковски.

А учесници беа познавачи на различни сфери опфатени од преспанскиот договор ипромената на Уставот, ама само според изборни критериуми на Владата-поддржувачи на уставните измени.

Критичарите сепак не добија покана. Дали нивните експертизи не се потребни? Владата должиобјаснување. 

Меѓу дел од учесниците пак, не можеше да се нотира особена активност.

Зошто Владата покани експерти на кои одлучи да им даде хонорар по сопствен избор од буџетски пари? Кому точно му се исплатени пари? На јавните дискусии учествуваа професорите Љубомир Фрчкоски, Нано Ружин, Темелко Ристевски, Ѓорги Спасов.

Инаку јавните дискусии не ја променија суштината на позициите на власта и пред тие дасе случат. Финалните уставни амандмани се попогубни од првично предложените. Дополнителносе додадени фразите „правни документи“ во Прогласот, наместо само „Прогласот“. Но Манифестот остана надвор, ама додаден е Рамковниот. Во четвртиот се впишувагрижата за „дијаспората на македонскиот народ и сите заедници“. Егејците не седијаспора, тие се афтохтоно малцинство во Грција, што значи дека ако целиотпроцес успешно заврши во Скопје и Атина, државава крева раце од нив.

ИскраКоровешовска