20 луѓе кои живеат со механичка потпора на срцето чекаат трансплатација
На пациентите со механичка потпора на срце, деновите од животот им се бројат,секој ден велат и гледаме на смртта во очи,но нивниот болен крик нема кој да го чуе.Пумпите кои кај 20-те пациенти ја заменуваат работата на срцето, откажуваат и се во критична состојба. Само последнава година 6 пациенти ја изгубија шансата за живот, додека чекаа трансплантација на срце.Затоа велат,повеќе нема да траеме пред оние кои не залажуваат и со години се оглушуваат на нашите апели за помош,додека прават стани-седни на министерската фотеља.
“Бидејќи оваа влада се навикна веќе на секој 3 месеци како чорапи да ги менува министрите, изгледа тоа им е формулата да не замолкнат на некој начин, да не ни кажат “НЕ” и да не ни ги решат прашањата.За жал во нашава држава се соочуваме со проблем, немање на доволно стручен кадар да изведе операција на пациент со механичка потпора”- вели Претседателот на здружението “Храбро Срце” , Васко Јолески
Овие уреди кога нам ни се монтитани кажано ни е дека се мост до трансплантација,но ресорното министерство не се одважува да донесе стручен кадар од странство кој ќе им помогне на нашите врвни кардиохирурзи да ја напарават првата операција за замена на вештачка пумпа со срце од донор,истакнува Јолески.За таа цел вели,државата дури не реагира на нашите барања да ни стави на расополагање еден од владините воздухоплови,иако тоа неодма го вети првиот полицаец Оливер Спасовски.Додека чекаме трансплантација,живототбуквално ни зависи од батерии и 5 метри кабел,некои пациенти имаат и по две пумпи.
“Животот со две пумпи воопшто не е лесен, бидејќи најпрвин си ограничен со време, потоа си ограничен со храна, не смееешда јадеш се и сешто.Едно единствено капење ти е потешко бидејќи мора да имаш човек до тебе да ти помогне за било што.Секоја недела минимум некојпат и по 2 пати треба да направиш пребврска,тоа е хигиенско прашање”-вели пациетот Дарко Најдевски
Бројот на пациенти впишпани во националната листа за трансплантација се зголемува, најмладиот пациент е девојка на 26 годишна возраст. Има пациенти кои пумпите ги носат и по 5 години, а гаранцијата од самиот производител е до 5 години.
“Буквално можам да кажам дека по однос на нашата дијагноза ништо не е регулитано, дури немаме нити шифра на дијагноза за да можат да не вметнат во систем за да можеме да ги уживаме оние основни права кои ни следуваат.Промена на батерии, промена на контролери,промена на кабел, промена на било што од нашите уреди е права голгота за што треба да молиме, треба да коленичиме и поворно не го добиваме а живот ни значи”-додава Јолески .
До сега во Македонија не е направена нити една замена на вештачка пумпа со срце од донор. Секој ден ни е измачување,на овој начин нас само ни се одложени маките, без наша воља ни имплантираа ваков уред, а не ни кажаа дека потоа ќе е многу тешко за трансплантација на срце.Во тој случај сами ќе одлучевме дали да чекаме трансплантација но штом ни ги стравија, медицинската етика им налага да најдат решение за нас-вели Јолески.
Росица Голабоска