20 години во власта, купишта афери, скандали, насилничко однесување – ДУИ стана недопирлива

Повеќе од 20 години на власт, бројни скандали,  а ниту една одговорност. Партијата на Али Ахмети како да е недопирлива, па ниту еден партиски функционер не одговарал за коруптивните скандали….Експертската јавност вели дека однесувањето на ДУИ го дозволил токму коалициониот партнер СДСМ, поради стравот да ја изгубат власта, па се спремни да премолчат се…

По последните скандали на собранискиот спикер во кои навредуваше вработени, па отиде дотаму и заклучуваше пратеници во салата за седници, Талат Џафери не само што самиот не чувствувал одговорност, туку и премиерот Димитар Ковачевски не гледа причина да го коментира неговото однесување.

Не е само Џафери дел од функционерите кои недолично се однесува, од јавните позиции кои ги водат. Се местеле тендери за јавни набавки, се набавувале луксузни возила за локална самоуправа, советници и градоначалници од ДУИ узурпирале и државни земјишта, но за ниту еден случај нема разрешница.

И поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини неодамна остро реагираше дека никој од интегративците не неодговара за криминал и корупција, а уште помалку за злоупотреба на службената положба.

За моќта која ја демонтрира ДУИ реагираа и другите политички партии од албанскиот блок. Лидерот на Алијанса за Албанците Села на пред конференции го објави и списокот на судии и обвинители кои ДУИ, како што вели, ги држи во рака, поради што сите покренати случаи против функционери од или блиски на партијата пропаднале.

Но не е само Џафери од функционерите на ДУИ кои покажуваат надмоќност. Шефот на дипломатијата Бујар Османи јавно ја покажува доминација во носењето на државните одлуки, наместо премиерот или нековите заменици. Па така преговорите во Бугарија мора да поминат прелу него, а Ковачевски и останатите само протоколарно се појавуваат на средбите.

Коалициониот партнер СДСМ како да стои во втор план, па во последниот пазар на Зоран Заев за да ја оддржи партијата на власт им ги удоволи барањата на ДУИ, па сите важни ресори како економија, финансии, надворешна политиќа ги раководат токму интегративците.

Ивана Соколовиќ Најдова

Поврзани вести