Втори Август 2018-та – можеби последниот Илинден во Република Македонија

Proslava na Ilinden vo Krusevo kaj Meckin kamen

Историчарите и аналитичарите се исплашени дека всушност навистина оваа година за последен пат овој празник се прославува во Република Македонија, велат заради лабилни личности и штетни договори, во иднина овој празник ќе го чествуваме во држава со друго име, а според историчарите, македонските борци не се бореле за Северна туку само за Република Македонија.

Според аналитичарите, штетните договори со Грција и Бугарија кои оваа власт ги потпиша против вољата на поголемиот дел од граѓаните се фатални за државата. Ефтим Клетников вели дека со договорот со Бугарија каде прифаќаме да правиме чистење на нашата историја и со заедничките прослави на празници, Македонија си ја раздава историјата, а со договорот со Грција, потписниците на Преспанската спогодба на бланко потпишале пордавање на античката историја. Клетников вели дека народ без свое минато, не може да има достоинствена иднина.

На денешен ден пред 115 години е започнато на Илинденското востание во 1903 година. Првата официјална прослава на Илинденското востание била организирана во Крушево 1918 година, на крајот од првата светска војна и по повод 15-годишнината од Востанието.

Денеска се слави и 74 години од првото заседание на АСНОМ кое е  одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински, што претставува државно конституирање на македонскиот народ и народностите во Македонија во склоп на југословенската федерација. На овј ден на првото заседание се донесени повеќе решенија, меѓу кои се решението за конституирање на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија АСНОМ во врховно законодавство и извршно тело на Македонија и заведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава, решение за донесување декларација за основните права на граѓаните во демократска Македонија.

 

Мери Ѓорѓиевска