Коалицијата на Египќани во Македонија ги поддржува протестите организирани од ВМРО-ДПМНЕ

Коалицијата на Египќани во Македонија во целост ги поддржува протестите организирани од страна на ВМРО ДПМНЕ и како лојални граѓани се приклучуваат во истите, бидејќи се засегнати, особено во делот на неоснованото зголемување на цената на електрична енергија, која и тоа како влијае на Египќаните, како соцјално ранлива категорија, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од Коалицијата на Египќани во Македонија.

„Ние сме против процесите кои водат во ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА, А ПОДРЖУВАМЕ УНИАРНА И ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА. Во, ова насока, а повикувајки се на долгогодишната соработка со лидерот Проф.Д-р Христијан Мицккоски, а во интерес на стратешките цели и интереси на заедничката татковина Македонија, даваме силна и безусловна поддршка на лидерот на ВМРО ДПМНЕ , Проф.Д-Р Христијан Мицкоски, бидејки , мегу другото е против диксриминацијата како општествено зло.“ – додаваат од Коалицијата

-Египќаните, како и останатите помали етнички заедници треба да бидат составен дел од современата Македонска нација, деетнизирана и истите да бидат интегрирани во институциите на системот. Денес, имаме селективно применување на законите, имаме расна дискриминација, сегрегација, сиромашни и маргинализирани граѓани, а како такви, не можеме да бидеме дел од ЕУ, истакна лидерот на ХГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ Демир Далип.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста