19 години по рушењето на црквата во Лешок-денеска повторно сјае возобновена, но траумите и сеќавањата не се бришат

  • “Голем стрес..немам зборови да опишам, катастрофа… ни го расипаа едноставно духот…”– вели Мирко Божиноски-жител на село Лешок.

И по 19 години свежи се сеќавањата на Мирко Божиноски од село Лешок,за кобното утро кога беше разрушена манастирската црква.Никогаш, нема да ја заборави оваа траума од конфликтната 2001, но никогаш и вели, да не се повтори.

  • “Сабајле 3,15 часот беше кога експлодира, и целата куќа моја 15 минути се тресеше..бев со синот, кој ме праша што се случува, не знам му реков темно е , да видиме.. кога излеговме надвор,што ќе видиме,  огромен облак од прашина,..тоа беше страшно и да не се повтори никогаш”– вели Мирко Божиноски.

Црквата беше разрушена на неколку дена пред големиот празник Успение на Пресвета Богородица, ден кој се слави во цело село,а Манастирот традиционално бил преполн со луѓе.

  • Манастирската црква беше минирана и речиси целосно уништена на денешен ден пред 19 години, за време на конфликтната 2001 година, од страна на терористичките структури на ОНА.

Изминативе речиси две децении животот во Лешок полека се враќаше во нормала. Манастирот е обновен,секојдневието вообичаено, но траумите не се бришат, вели хроничарот Митко Спироски од Лешок, кој ги следел и преточил во книги сите случувања.

  • ” Тоа беа драматични моменти, јас тогаш не бев тука ,во Скопје бев,но,постојано потоа се организиравме да се вратиме назад,затоа што потоа почна расселеување, па враќање во нормален живот, обнова на црквата.. активно со месната заедница, црквата и други фактори работевме да се врати населението и нормалниот и заеднички живот..но траумите , последиците и лузните остануваат..”– вели Митко Спироски-хроничар.

 Ова духовно светилиште денеска уште повеќе заживува.Се гради нов конак кој е во финална фаза и ќе биде наменет за свештенството, стариот пак, каде ќе можат да престојуваат верниците се реконструира.Полека со годините, се собира и се повеќе народ за претстојниот празник.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста