19 години казна затвор за обвинетата за убиството на Пино

19 години казна затвор за Ангела Ѓорѓиевска која беше обвинета за свирепото убиство на 26 годишниот Пинета Секондо – Пино.

Според судската пресуда, Ѓорѓиевска е виновна со тоа што помогнала во извршување на убиството кое, како што покажуваат доказите, го извршил Али Фуркан кој се уште е во бегство.

Пино беше убиен на 11 декември 2018, а неговото тело беше пронајдено во април 2019 година, кај местото наречено Башинец, во атарот на селото Љуботен.

Фуркан со пушка ја застрелал жртвата во главата, за време на заедничката средба која ја договорила Ангела. Сега осудената, помогнала безживотното тело да го внесат во автомобилот, а подоцна и да го закопаат кај Башинец.

Судијата при изрекување на пресудата истакнал дека во одредување на казната биле земени предвид фактите дека обвинетата во текот на судењето во ниеден момент не покажала каење.

Мајката на Пино, разочарана од долгата потрагата по нејзиниот син организираше и мирен протест во Скопје.

Пино бил излезен на 10 декември вечерта и последен пат беше виден во скопската населба Ѓорче Петров во 22 часот.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста