Најчестите причини за првут се алергиите, стресот и климатските услови, но исто така и прекумерната консумација на зачинета или солена храна. Првутот може да се ублажи со масло од бадем, а треба да се избегнува мрсна и зачинета храна.

Една од главните причини за првут е габата Pityrosporum ovale, која природно ги населува фоликулите на косата и, со размножување, предизвикува воспаление и лупење.

Првутот може да се ублажи со топла мешавина од масло од бадеми и маслиново масло. Треба да се користи за масажа на скалпот, а потоа и за миење на косата. Ако често имате чешање на скалпот или пределот зад ушите, може да страдате од себореичен дерматитис – состојба која е често наследна и се влошува во есен.

Себореичен дерматитис е хронична рекурентна болест која се јавува на скалпот, лицето, пределот зад увото, области над градната коска и помеѓу лопатките на рамото. Покрај себорејата (зголемено лачење на себум), некои микроорганизми и нивните производи за распаѓање и стресот, исто така, играат важна улога во развојот на себореичен дерматитис.

Главниот виновник за појава на себореичен дерматитис е квасецот Pityrosporum ovale. Наследството, исто така, игра важна улога во развојот на оваа болест, така што неколку членови во исто семејство имаат ист проблем. Дијагнозата се поставува врз основа на клиничката слика, а квасецот Pityrosporum ovale се наоѓа со микролошка обработка.

Третманот на себореичен дерматитис е долгорочен, а во исхраната треба да се избегнуваат концентрирани јаглени хидрати, масти и зачинета храна. Гелови, креми, шампони засновани на сулфур, салицилна киселина, селен сулфид, цинк пиритион и антифунгали се користат во терапијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста