187 казнети возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, 30 санкции за управување возило под дејство на алкохол, 35 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 14 санкции за управување без возачка дозвола.

Исто така, изречени се шест санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, три санкции за некористење сигурносен појас, седум за користење мобилен телефон при управување возило, две за вградени неатестирани фолии, две за минување на затворен сигнал (црвено светло), 26 санкции за непрописно паркирање.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста