18 Август – Македонската армија слави 30 години од основањето

Со почесна артелериска стрелба и воено дефиле на баталјоните и бригадите на македонската армија денес во касарната Илинден се одбележаа 30 години од нејзиното постоење.

Во рамки на свеченоста, со орден за воени заслуги беа одликувани првиот министер за одбрана Трајан Гоцевски, Логистичката база при Армијата и Организацијата на резервни офицери.

Претседателот Пендаровски со указ го унапреди полковник Сашко Лафчиски во чин бригаден генерал и го назначи полковник Васко Коколански за командант на Командата за обука и доктрини во Генералштабот на Армијата.

– „Армијата беше главниот двигател за нашето членство во НАТО. Уште од самите почетоци, државата ја дизајнираше македонската одбрана со јасна цел и намера, еден ден таа да биде целосно интегрирана во евро-атлантскиот безбедносен систем. Оттогаш, минавме ни неколку непринвипелни надворешни блокади и погрешни внатрешни приоритети што го забавуваа нашиот одд кон колективните безбедносни системи, но армијата се реформираше во континуитет и помогна да не отстапиме од реализациј на нашата стратешка цел.“ – Изјави Претседателот Пендаровски.

Шефот на Генералштабот, Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, истакна дека армијата се соочила со тешки почетоци.
Клучната улога во обезбедувањето на територијата на државата, по заминувањето на војската на Југославија, ја имала добро организираната Територијална одбрана која прва ги превзема испразнетите касарни, а веднаш потоа и целосно, ги обезбедува и границите, односно ги превзема караулите.

– „Одбележувањето на овој значаен јубилеј во касарната кое го носи светото име „Илинден“ го посветуваме на идеалите и пожртвуваноста на сите наши херои и великани за вековната борба за слобода и мир. Наша обврска е да продолжиме по зацртаниот пат на нашите дејци: Јане Сандански, Питу Гули, Гоце Делчев, Вангел Дину, Страшо Пинџур, Чеде Филиповски-Даме, Лиман Каба, Кузман Јосифовски-Питу, Ибе Паликуќа, Михајло Апостолски и многу други наши великани…“ – Истакна Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Владата на 3 јуни 1993 година, одлучила денот на формирањето на баталјонот „Мирче Ацев”, 18 август 1943 година на Славеј Планина, да го прогласи за Ден на АРМ. Истата година македонското Собранието ја верификуваше и идејата за полноправно членство во НАТО.

Никола Цветкоски