Два институти ќе бидат затворени – просветната инспекција откри неправилности во нивното работење
Два института се пред затворање, а за уште три се води постапка. Дали и овде ќе се откријат неправилности, но и кои се тие, засега министерката не открива детали. Јавно ќе објават се откако целиот процес ќе биде завршен.
„Процесот на затварање на два институти е комплетно завршен. Продолжува во овој момент најверојатно уште три, но и тоа треба да заврши и ќе добиете информација„ -изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Освен институтите и универзитетите се на мета на Државниот просветен инспекторат. Кај некој веќе се утврдени неправилности и е почната постапка за наплата на казни. Министерката е децидна дека се проверуваат сите високообразовани институции без разлика дали се државни или приватни.
„Да, утврдени се некој регуларности кај некој универзитети. Кај дел од нив веќе сосема при крај е процесот, односно постапивме со наплата на казни на рецензентски комисии, декани и ректори. Во Штип, веќе имаше таква контрола, го чекаме извештајот. Но, важно е дека сите универзитети, без исклучок ќе го поминат овој процес„ –вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Јаневска, денеска во Штип беше во посета на штипското средно училиште „Коле Нехтенин„ кое ќе биде едно од осумте регионални центри за средно стручно образование во државата.
Александра Ристевска