17-годишниот Ѓорѓи Николовски го фати крстот во водите на Вардар во Скопје
Бог се јави, навистина се јави! Седумнаесет годишниот Ѓорги Николовски беше најсреќениот од стотината учесници кои се фрлија по крстот во главниот град. Го извелече од водите на реката Вардар, иако прв пат учествува на настанот. Порача дека Господ е голем и посака семакедонско обединување.
- „Сите да имаат единство, да се обедини Македонија и македонскиот народ и се најдобро“ – Порача Ѓорги Николовски.
Тој беше даруван од архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија – г.г. Стефан, од градоначалничката на Скопје и од повеќе поддржувачи на манифестацијата, кои му посакаа добро здравје и многу успеси.
На положувањето на чесниот крст му претходеше литија во црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“.
Верниците од главниот град од рано изутрината се упатија во црвата Пресвета Богородица за денешната литургија. Иако во помал број веројатно поради продолжениот викенд, сепак, многумина дојдоа да запалат свеќа и да се помолат.
Годинава во Скопје беа пријавени 157 верници, кои влегоа во водите на Вардар. Пред да си ја пробаат среќата, пред камерата на Алфа посакаа здравје, среќа и мир за сите.
Не беше лесно да се плива во надојдениот Вардар. Водата им отежна на учесниците, а спасувачките екипи имаа полни раце работа – извлекуваа неколкумина со чамци и јажиња од водата.
Православните верници на овој ден се поздравуваат со „Бог се јави, навистина се јави. Во реките се положува светиот крст, а оној кој ќе го фати, се верува дека ќе го следи среќа и благослов цела година.
Никола Цветкоски