17 години затвор за поранешниот јужнокорејски претседател

Поранешниот јужнокорејски претседател Ли Мјунг-бак е осуден на 17 години затввор поради корупција. Врховниот суд во Сеул му ја зголеми казната за 2 години, по поднесената жалба на пресудата, бидејќи тој веќе во 2018 година тој е осуден на 15-годишна затворска казна. Поради лоша здравствена состојба беше условно пуштен на слобода во март минатата година.
Поранешниот шеф на јужнокорејската држава иако ги отфрлил сите точки од обвинението, тој е осуден за откуп, проневера и други обвиненија. Ли не се покајал поради злоупотребата на службената должност, туку ги обвинил оние со кои работел. Ли беше претседател на Јужна Кореја од 2008 до 2013 година.