16 основни бонтон правила кои би требало да ги знаат сите и во сон

Ако некој ви покаже фотографија на телефонот, не си давајте слобода да ги разгледувате другите. Ако веќе третпат позајмувате исто нешто од некого, време е да си го купите.

ne-se-zaprosuvajte-na-tugja-venchavka-bonton-pravila-shto-site-bi-trebalo-da-gi-pochituvame-01.jpg

Повеќето правила на однесување се очигледни, но сепак многу луѓе, за жал, како да подзабораваат на нив. На пример, сигурно сте свесни дека не треба да прекинувате некој додека зборува, дури и ако никој не ви го нагласил тоа. Или, дека секогаш треба да се заблагодарите ако некој ви направи услуга.

Но многу луѓе, иако без лоша намера, забораваат дел од овие правила, а со тоа ги повредуваат и навредуваат дури и нивните најблиски.

Затоа, погледнете неколку бонтон правила кои секој треба да ги знае и во сон:

1. Немојте да ги исмејувате другите поради начинот на којшто се смеат – ни поради тоа како звучат, ниту поради тоа како изгледаат додека се смеат. Смеата е природна реакција во среќни моменти и не треба да им судите на другите за тоа како ја покажуваат нивната радост.

2. Секогаш чекајте да излезат другите, пред да влезете во градски автобус.

3. Не го коментирајте туѓиот изглед ако личноста не може да го поправи тоа. Во ред е да кажете некому ако има храна на забите за да ја тргне, но никогаш не коментирајте за неговото тело, коса, облека и слично.

4. Не ја оставајте количката за пазарење пред влезот на продавницата, ниту на паркингот.

ne-se-zaprosuvajte-na-tugja-venchavka-bonton-pravila-shto-site-bi-trebalo-da-gi-pochituvame-02.jpg

5. Бидете учтиви кон луѓето кои ве услужуваат во ресторан, продавница и слично. Тие не се должни да ги трпат вашите фрустрации.

6. Немојте да се запросувате на туѓа венчавка.

7. Немојте да јадете храна со силен мирис во канцеларија.

8. Ако некој ви покаже фотографија на телефонот, не си давајте слобода да ги разгледувате другите.

ne-se-zaprosuvajte-na-tugja-venchavka-bonton-pravila-shto-site-bi-trebalo-da-gi-pochituvame-03.jpg

9. Ако некој први нешто што го усреќува, а притоа не им штети на другите, оставете го да го прави тоа без коментари и дофрлања.

10. Ако веќе третпат позајмувате исто нешто од некого, време е да си го купите.

11. Не слушајте музика без слушалки на јавни места. Скоро никој не е расположен да ги слуша вашите песни, а денес можете да најдете многу евтини слушалки.

12. Покривајте ја устата кога се проѕевате.

ne-se-zaprosuvajte-na-tugja-venchavka-bonton-pravila-shto-site-bi-trebalo-da-gi-pochituvame-04.jpg

13. Никогаш не им дозволувајте на пријателите да возат кога се под дејство на алкохол.

14. Секогаш најавете се ако одите во нечиј дом. Скоро никој не сака ненајавени гости.

15. Ако позајмите нечиј автомобил, вратете го со исто количество гориво како кога сте го зеле.

16. Ако откажете дружба со пријател, вие треба да бидете иницијатор за следната средба.

Advertisements

Поврзани вести