16 светски имиња, 4 дена, 20.000 луѓе на ден: Ова се плановите за „Охрид колинг“ 2019

Најголемиот проект на Авалон Продукција во 26 годишната работа во Република Македонија, фестивалот „OHRID CALLING 2019“ е најавен со големи светски имиња.

По спектакуларните настапи на Dimitri Vegas & Like Mike и Armin van Buuren, минатата година навистина направи од фестивалот бренд кој е познат низ целиот свет.

Годинава во Охрид доаѓаат 16 светски артисти кои ќе настапат на четиридневно доживување, на кое се очекуваат минимум 20.000 посетители по ден од цела Европа, најавуваат организаторите.