Напаѓаш и се извинуваш – Ироничниот однос на Ковачевски кон медиумите

Напаѓаш и се извинуваш – Ироничниот однос на Ковачевски кон медиумите

Вие сте биткоини кои никогаш не биле поевтини, извинете. Ова е начинот на кој екс премиерот ги етикетираше медиумите, па сега, два дена по скандалозниот настап вели дека се извинил уште на партиската трибина.

Дали свесната навреда која во истиот момент е проследена со свесно извинување е и искрено жалање? Очигледно не, ако се земе предвид односот на екс премиерот кон новинарите изминатиов период.

Не му е првпат на Ковачевски да удри по новинарите. На почетокот на месецов кога Македонската телевизија ги објави резултатите од анкетата за изборната трка на партиите, имаше речиси идентичен настап.

Претходно директно удри и по две национални телевизии – рече дека едната наликувала на ПИ АР сектор на нафтена компанија, а другата на центар за комуникации на политичка партија.

Очигледно демократскиот капацитет на лидерот на СДСМ оди дотаму дека новинарите се добри само кога пишуваат добри вести за него и неговата партија.

На последната скандалозна изјава на поранешниот премиер со реакција и осуда се јавија и Агенцијата за медиуми, како и новинарските здруженија и синдикат.

За дел академската фела однесувањето на првиот човек на владејаката партија е недолично. Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев вели дека екс премиерот буквално тресе зелени.

Функционерите очигледно се сензитивни на издржани новинарски критики. Во однос на Алфа телевизија, со години функционерите на СДСМ одбиваат да гостуваат и да одговараат на прашања на било која тема. Во однос на притисокот врз „Алфа“, властодршците не застанаа само на закани. Власта ги употреби сите механизми кои и стојат располагање во обид да ја замолчи телевизијата па така, Изминативе години Алфа е  домаќин на различни инспектори, истражители, обвинители. И покрај честите проверки, истражните органи никогаш не најдоа ништо законско.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста