Живот или преживување – Колку пари му се потребни на еден студент за еден семестар?

Живот или преживување – Колку пари му се потребни на еден студент за еден семестар?

За еден студент од внатрешноста, да студира и живее во Скопје му се потребни повеќе од 70.000 денари за еден семестар. И тоа доколку престојува во студенски дом и е во државна квота. Оние кои живеат во приватни станов пак, семестар ги чини над 2000 илјади евра. 100 евра е еден семестар доколку е во државна квота, а приватната е двојно. Од 50 до 150 евра месечно се трошат за книги и материјали. Во зависност на кој факултет е запишан студентот. Плус се и административните трошоци и превозот до главниот град.

Студентот Јован Чапов од Демир Капија, кој е втора година на студии во Скопје, вели дека за да стигне од неговото родно место од сам старт троши 800 денари за автобуска карта.

  • „Јас како и повеќето студенти сме сместени во студентски домови. Јас живеам во „Стив Наумов“ и плаќам 4000 денари месечно. Ручекот во Стив е од 12 до 3. Што е тука проблемот? Проблемот е што студентите во тој период од денот, мнозинство од студентите се на факултет, на предавања. Не можат да ручаат во менза, па така, приморани се да ги трошат своите пари за јадење надвор“ – Истакна Чапов.

А цените на храната во маркетите секојдневно се се поскапи, па студентите велат дека тешко се живее.

Оние кои пак не успеале да се сместат во студентски дом и морале да изнајмат приватено сместување во Скопје, според анализата на Алфа, плаќаат од 150 до 300 евра месечно за стан. Дополнително тука влегуваат и трошоците за храна.

Студентката Александра Богатиновска која е од Скопје и студира тука, вели дека иако нема трошоци за сместување, сепак аминистративните трошоци и оние за материјали за учење се неизбежни и притоа не се мали.

  • „Месечно, трошоците можам да кажам дека се над 10 илјади. За материјали за книги и слично. Дополнителни трошоци за студентите е тоа што плаќаме книжевен фонд, спортски сали, за информатички услуги што на нас како студенти не ни се достапни и не ги користиме во текот на целото студирање“ – Истакна Богатиновска.

Јован и Александра студираат на правниот факултет, каде велат дека само за учебни материјали даваат по околу 3000 денари по семестар. Но, ги споменуваат и примерите од другите факултети, како што е економскиот, каде трошоците само за книги може да достигнат и до 8000 денари.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста