153 илјади легнаа на сметката на Оливер Спасовски: Конечно еден министер откри колкава зголемена плата земал

153 илјади денари. Конечно еден член на владата реши да каже колкава плата земал за минатиов месец. Околу 2.500 евра е месечниот надоместок што по зголемувањето од 78 проценти,  го добил министерот Спасовски. Откако пред десет дена не знаеше колку земал, бидејќи тогаш не му имаше уште легнато на сметка, сега конечно му стигнала платата „тешка“ речиси осум минимални плати.

-Во овој момент се даде, односно исплатена е платата според новите пресметки на основа на одлуката на Уставниот суд, мислам дека 153 илјади е платата, изјави Спасовски.

Друг функционер кој денеска ја откри платата е директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Тој минал нешто посиромашно од Спасовски. На неговата сметка април месец легнале речиси 2.000 евра.

-Зголемена. (Колкава?) Платата ќе ја кажам тогаш ќе ја каже премиерот, во овој момент колку што можам да видам никој од Владата не излегол со ваков податок. (Спасовски денеска искочи 153 илјади) Мојата плата е 115 илјади од овој месец, до минатиот месец, изјави Ангелов.

За разлика од Спасовски, кој сега изгледа мораше да ја открие својата плата, другите министри се уште смислуваат некакви оправдувања со цел да не ја октријат сумата. Министерот за земјоделие ги загубил картичките.

-Моите картички се изгубени во Брисел, не се со мене, се правдаше Николовски.

Оној за економија пак не бил во школо да одговара на вакви новинарски прашања.

-Не сме на школо, да ти кажуваме сите, ни порача Бектеши.

Првиот вицепремиер пак откако бил на владината фунцкија добивал најниска плата досега.

-Значи сите се различни, јас гледам дека е најмала од сите вицепремиери и од премиерот и многу помала од мојата претходна плата, во моето работно место, ни кажа Груби.

Ниту премиерот не отрки колкава плата земал, само ни кажа дека таа одлука морала да се почитува.

-Треба да се почитува, со оглед на тоа што одлука на Уставен суд е конечна, изјави Ковачевски.

Еден од ректите кој откри колкава плата земал беше Стево Пендаровски, на неговата сметка легнале 165 илјади денари. Поголеми плати веќе добија и пратениците, директорите на јавните претрпијатија, советниците во општините, судиите, јавните обвинители и сите опфатени со оваа одлука на Уставен.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста