15 коалиции со 1598 кандидати ќе бидат дел од изборите на 15 јули

Во Државната изборна комисија (ДИК) утре носителите на кандидатските листи за предвремените парламентарни избори на 15 јули ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори.

ДИК пред донесувањето на мартовската Уредба на Владата за запирање на изборните дејствија и одлуката на политичките лидери за одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, ги потврди листите на 15 коалиции и партии со 1.598 кандидати, а го утврди и изгледот на гласачкото ливче.

Со свои кандидатски листи во сите шест изборни единици ќе учествуваат ДУИ, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и Беса, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“, политичката партија ИНТЕГРА, „Никогаш северна, секогаш Македонија“, Демократи, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Работничката партија и ДПА.

СДУ, ГДУ и Глас за Македонија нема да учествуваат во шетата изборна единица, односно поднесоа листи само за изборните единици 1, 2, 3, 4 и 5. „Твоја партија“ доставила кандидатски листи за изборите единици 1, 2 и 5.