15-ти ден од кампањата: Сиљановска-Давкова во Валандово и Гевгелија, Река во Битола, Пендаровски во Куманово

Кандидатите за претседател на државата и денеска ја продолжуваат кампањата и на средби со граѓани и митинзи ќе ги претстават своите изборни програми.

На 15-от ден од кампањата, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Силјановска Давкова ќе одржи митинзи во Валандово и Гевгелија, а нејзиниот ривал од СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски ќе биде на митинг во Куманово.

Блерим Река, пак, ќе има средба со граѓаните и митинг во Битола, а ќе го посети и селото Црнилиште во Општина Долнени.

Кампањата официјално почна на 1 април, а ќе трае до 19 април по што следува 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето.

МИА