ДКСК денеска ќе одржи седница

Државната комисија за спречување на корупцијата на ден 23.07.2020 година (четврток), со почеток во 11:00 часот ќе ја одржи 36-та седница без присуство на медиуми, како што велат во своето соопштение, поради почитување на препораките за заштита од корона вирусот донесени од страна на владата.

За седницата е предвиден следниот дневен ред.

 

1. Усвојување на Записник од 30-та ( продолжение), 32-та и 33-та и 34-та седница на ДКСК;

2. Предлог- одлука за заменик- претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата;

3. Предлог- одлука за овластување на потписници на сметката на Државната комисија за спречување на корупцијата;

4. Утврдување на пречистен текст на Деловник за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата;

5. Постапување по конкретни предмети.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста