14 мртви и повеќе од 30 повредени во Индија

14 лица загинаа, а 35 се повредени во несреќа, кога автобус што брзо возел удрил во паркиран камион крај пат во северна Индија, соопшти денеска полицијата.

Ирај Раџа, полицискиот офицер, изјави дека судирот се случил вчера на автопат во областа Фирозапад, во државата Утар Прадеш.

Меѓу мртвите е и возачот на автобусот и според првичните извештаи тој ја изгубил контрола врз автобусот што довело до несреќа. Четворица од повредените се во сериозна здравствена состојба.

Во сообраќајни несреќи во Индија во 2018 година загинале нешто помалку од 150.000 лица, со што претставува земја со најголем број на жртви во светот, соопштуваат од Владата.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста