14 мртви во напад во ноќен клуб во Мексико

Најмалку 14 лица загинаа, а 6 се повредени откако вооружени напаѓачи отвориле оган во ноќен клуб во Саламанка, Мексико.

Локалните медиуми пренесуваат дека напаѓачите пристигнале во локалот нешто после полноќ, влегле и отвориле оган кон гостите од огнено оружје со голем калибар.

Ataque armado en centro nocturno en Colonia San Roque deja saldo de 20 lesionados

Publiée par Periódico correo sur Vendredi 8 mars 2019

Полицајци и лица од мексиканската армија пристигнале на лице место после пукањето, исто како и јавен обвинител кој започнал истрага.

Идентитетот на напаѓачите и причините за нападот во моментов не се познати.