13 повредени во синоќешниот судар на две возила во Штипско, едното со мигранти

Стабилна е здравствената состојба на 11мигранти и двете штипјанки кои се повредени во синоќешната сообракајна несрека што се случи на регионалниот пат штип-радовиш кај селото Лакавица. По укажаната здравствена нега дел се задржани на одделението за ортопедија, а останатие се испишани од болница.

  • Од повредените на хируршкотот одделение, шест пациенти денес се пуштени на домашно лекување, а само еден пациент е останат на одделението за хурургија. Додека пак пацинетите на ортопедско одделение, двајца се со телесни повреди на опсервација, а другите двајца се со потешки телесни повреди ..- изјави  Марина  Шуманска- портпарол на КБ-Штип.

Увидот е завршен и според првичние информации до сообракајката дошло откако шоферот кој ги превезувал мигрантите сакал да претекне товарно возило при што директно се удрил во автомобил кој доагал од спротивната страна. При судиро и двата автомобили  завршиле во ендекот покрај патот , а шоферот се дал во бегство. . Поголем дел од мигрантите биле скриени во багажникот на возилото..

  • Во несгодата со повреди се здобиле 11 лица, мигранти, од кои 10 од Пакистан и едно од Авганистан кои се превезувале во патничкото возило „Мерцедес“ со велешки регистарски ознаки.. изјави Гордана Панајотова – СВР-Штип.

По испишување од штипската болница мигрантите ќе бидат сместени во прифатниот ценар Винојуг Гевгелија, а лекови и храна ќе добијат и од Црвениот крст. Патот Штип-Радовиш е дел од редовната руа по која илегално се превезуваат мигрантите. Точно пред две години на истиот овој патен првец имаше тешка сообракајна незгода.Тогаш загинаа двајца,17 беа потешко повредени, а полицијата трагаше по шоферот кој по несреката се даде во бегство

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста