13 милиони граѓани на Баварија ќе бидат тестирани на коронавирус

Владата на германската покраина Баварија има намера сите граѓани да ги тестира за коронавирус, без оглед дали имаат симптоми, а особено се под лупа погоните за преработка на месо .Фокусот ќе биде ставен на најранливите – жители на домови за стари и немоќни лица или пациенти кои лежат во болници, потоа луѓе кои работат на чувствителни и фреквентни места како што се наставници и воспитувачи. Во Баварија имаат намера да продолжат со масовно тестирање на вработените во кланици и погони за преработка на месо, откако изби најголемото жариште на корона во Европа во кланицата „Тенис“ во западниот дел на земјата

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста