Измени во законот за трансплантација бара „Храбро срце“

Измени во актуелниот Закон за трансплантација и постапка за станување на донор бара Националното здружение „Храбро срце“. Постхумно донирање на органи со заверена изјава на нотар и тоа да биде последна оддлука која нема да може да ја побие семејството е единствена шанса за да се спасат многу животи. Од здружението алармираат, над дваесет пациенти се на листата на чекање за срце. Од нив 15 се на механичка потпора. Велат пумпите кои ги носат во градите се со ограничен век.

  „За време на овие две години загубивме шест пациенти кои не дочекаа трансплантација, бидејќи во Македонија тоа не се прави. Една инплантација на пумпа чини од 150.000-200.000евра, а една трансплантација на срце чини половина од тоа„- изјави Боре Минов од Националното здружение„Храбро срце„.

 Во Националната програма за 2021 која деновиве ја  презентирале и на министерот Филипче  бараат да се направи  јавен електронски систем за трансплантација на срце, како и воведување на донорска картица по терк на современите европски земји. Не постои можност трансплантација на срце да се прави во странство..

   „Во другите држави за да се направи трансплантација на срце треба пациентот да биде на листата на земјата и можностите се никакви. Тие луѓе немаат шанса.затоа зборуваме да им се даде прилика на тие луѓе со овие мерки, со оваа програма  кога би се реализирала како што треба, ќе се стигне до таму  и Македонија постепено се прклучува на Евротрансплант зоната„-изјави Боре Минов од Здружението „Храбро срце„.   

13годишно девојче е најмладиот пациент кој чека срце.Инаку првата трансплантација на срце во државата беше изведена пред неполна година.  Семејството на 43 годишната Емилија Динева што го загуби животот во сообраќајна несреќа , одлучи да спаси животи донирајќи ги нејзиното срце и бубрези.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста