13 години без нашата музичка легенда Тоше Проески


Животот на Тоше заврши во сообраќјната несреќа кај Нова Градишка, токму во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера во Македонија и низ целиот Балкан. Албумот на англиски јазик „The Hardest Thing“ што го подготовуваше пред својата смрт, а со намера да го прошири неговиот успех и на меѓународен план, беше постхумно промовиран.


Како и во изминатите години, во чест на Тоше ќе трчаат десет маратонци и денеска напладне треба да стигнат во Крушево на неговото вечно почивалиште на Гумење. Поради пандемијата годинава маратонот се одржува на територијата на Македонија– од преминот Табановце, преку Скопје до Крушево. Двајца претставници на маратонците ќе истрчаат 10 километри во Нова Градишка, Хрватска, и таму ќе положат цвеќе во спомен на Тоше.
Пречекот на маратонците ќе го организираат средното училиште „Наум Наумоски-Борче“, основното училиште „Никола Карев“ и Општина Крушево. Како и досега, на влезот на Крушево маратонците ќе бидат пречекани со црвени рози. Тринаесет години од смртта на Тоше ќе бидат одбележани кај неговото почивалиште на Гумење.


Во негова чест, фановите од Македонија и целиот Балкан, на своите профили на социјалните мрежи споделуваат негови песни.


Во продолжение се присетуваме на неговиот последен концерт кој се одржа неколку дена пред сообраќајната несреќа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста