13-та школа за млади лидери на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов во Охрид

Уживам таква привилегија пред вас да зборувам на македонски, да ги искажам моите чувства на јазик на кој се зборува во мојата мајка Македонија-вака поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов го започна своето обраќање пред учесниците на школата за Млади лидери која тој ја организира 13-та година по ред. Живееме во време оптоварени со дневни настани и политики, она што се случува меѓудругото со војната во Украина, енергетската криза, незадолството на луѓето, не гледаме дека всушност се случува една огормна трнасформација.Сега актуелната криза е криза на се’ што создаде просветителството. Ова е време кога се потребни луѓе кои нудат решенија,сочувувајќи ги притоа моралните принципи и човечноста.

 За да почнете мир ви треба храброст,праведност,умерености разумност.Е тоа им фали а сегашните политичари кои го успуштија моментот да се спречи оваа војна што постои сега, вели поранешниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Младите лидери полни амбиции,ги слушаа искуствата и знаењата кои им ги пренесуват реномираните предавачи од Европа и светот.

АНКЕТА: 1.Во Македонија можат да кажам дека е време младите да се приклучат во што е можно повеќе лидерски позиции; 2.Затоа што мислиме дека се’ помалку не има како млада популација во Македонија и сите ја гледаат некако шансата да излезат надвор од државата; 3.Искрено не очекував дека оваа школа има толку висок квалитет,ова е за мене одлично искуство,можност да се сретнеш со претседатели од сите земји не само од регионот туку и Европа;4. Имавме одлучни професори, светски лидери зборуваа со нас споделивајќи ги личните искуства.Почестена сум што имав можноста на бидам дел школата на Претседателот Иванов.

Школата ќе изнедри идни лидери кои ќе создадат подобра иднина не само за матичната држава, туку за целиот Балкан. Претседателот Иванов ги охрабри младите лидери да бидат истрајни, но и подготвени за жртвување,советувајќи ги да ја откриваат мудроста на нашите предци, а тоа е трпението.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста