Горан Пандев и Елиф Елмас синоќа на Луиџи Ферарис имаа меѓусебен дуел

Македонските фудбалски репрезентативци Горан Пандев и Елиф Елмас синоќа на Луиџи Ферарис имаа меѓусебен дуел во новата рунда од италијанското Калчо, а 15 години помладиот кој беше и стартер беше поуспешен од капитенот кој заигра во финишот. Наполи славеше кај Џенова со 2-1 што за наполитанците и не беше особено важно зошто тие и натаму се петти, и многу далеку од местата кои водат во Лигата на шампионите, но затоа поразот на екипата на Пандев е опасен по стаусот, особено што ден претходно Лече славеше и го мина џеновјани кои сега се на 18-тото место кое значи испаѓање.. до крајот на оваа сезона има уште седум кола, па има време и шанси за Џенова.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста