125 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 125 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 15 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 33 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 8 возила, 61 возила подигнати со пајак. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.