12 семејства од стара и руинирана зграда во Охрид живеат во страв

Општина Охрид односно секторот за урбанизам зацртал пат кој треба да минува низ дворно место на зграда во центарот на Охрид,игнорирајќи ги забелешките на станарите кои уште во 2010-та година пополнувајќи анкетен лист им укажале дека не се сложуваат за ваквото урбанистичко решение. Годините минувале, а станарите бидејќи не добиле никаков одговор од општината,не знаеле какви урбанистички решенија се кројат, се до пред еден месец кога на соседната парцела започнале градежни активности за изградба на нова зграда.Од тогаш 12-те семејства кои живеат во старата зграда минуваат низ голгота.

Живеееме во страв, велат бидејќи зградата е многу стара и секој момент може да се сруши.

„Се насобра многу вода овде, знаеме дека ова тло лежи под вода и знаете како е ,водата си ги прави своето, земјиштето ерозира зградава наша е стара и не може да издржи“ – вели станарот Горан Попоски.

„Опасноста е многу голема да дојде до свлечиште,веќе се шири поради дождовите.Иначе овие коловите што ги имаат поставено се сомневам дека ќе држи како потпора поради голема длаболина на ископот од 8 метри“ – вели станарот Зоран Дандушески.

Станатите поседуваат тапија од 1960 година,имотен лист и решение за трасфорамција на имот од 2002-ра година. Општината им ги зела парите и во дворното место им зацратала пат кој сега ќе треба да го користитат новите станари кои ќе се вселат во 4-катницата која сега се гради. За ова пошаравме став и од управителот на фирмата која сега гради на спорната локација.

„На тој дел таму моментално имаме приватен имот, а како што е предвидено со урбанистичкиот план таму ќе биде пат. Тоа не е наша обрска,тоа е обрска од општината.Тие треба да извршат експропријација и да го отворат патот, тоа не е наша работа нити наша обврска, ние имаме платено коминалии и општината треба да го среди проблемот“ – вели управителот Патриот Полиси.

Двете парцели се одделени само со бодликава жица,што претставува исклучителна опасност за децата кои играат тука. Измина една недела откако Алфа за овој проблем побара информација од општината, но одговор нема.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста