12 Барања поминаа, за другите 17 Русковска ќе одлучува утре

12 позитивни мислења за помилување дала обвинителката Вилма Русковска за собраниските настани за 27 април. За останатите 17 ќе донесе одлука во текот на утрешниот ден информираат од Обвинителството за Алфа. Во обвинителството за гонење организиран криминал, Судот денеска испрати 29 барања за амнестија, од групата 33 ца обвинети против кои се води судски процес за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата“. Поранешниот прв човек на БЈБ Митко Чавков, некогашниот полициски старешина Душко Лазаров, оперскиот пејач Игор Дурловски, како и Јане Ченто и Игор Југ не бараа помилување се изјаснија дека сакаат судот да им суди до крај како би ја докажале својата невиност.

Освен до организиран, судот испрати барања за помилување и до основните обвинителства каде се опфатени повеќе случаи поврзани со 27 април.

  • Во Основното јавно обвинителство Скопје пристигнати се 37 барања за амнестија. Поднесените барања се доставени до надлежните обвинители кои постапувале по предметите. По нивното разгледување, ќе биде доставено соодветно мислење до судот.

Од денеска почна да тече рокот од 5 дена што ги има првостепениот суд за да одлучи по барањата за амнестија. Мислењето на обвинителството е клучно, но не и пресудно за судот. По одлуката на Кривичен обвинетите и осомничените може да поднесат жалба во рок од три дена пред Апелација, а второстепениот суд има ист толкав рок за да се произнесе по жалбите, односно да пресече кој ќе биде помилуван