Твитер блокираше десетици илјади корисници од Кина, Русија и Турција

Од компанијата „Твитер“ изјавија дека блокирале десетици илјади сметки поврзани со Кина, Русија и Турција кои биле користени за пропаганда и дезинформации.

Сите сметки се затворени, но нивната содржина не е избришана и се чува во база на податоци кои ќе се користат за научни цели.

Како што велат од „Твитер“, сметките од Турција биле користени за воздигнување на претседателот Реџеп Таип Ердоган,  кинеските се користеле за ширење геополитички теории во корист на Комунистичката партија, „измамнички“ теории за ситуацијата во Хонг Конг и за презентирање на ставовите на Пекинг за борбата против коронавирусот, а руските профили служеле за рекламирање на владејачката партија и за напад на опонентите.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста