100 од раѓањето на Коле Чашуле, доживотниот борец за афирмација на македонскиот јазик

Денеска е стогодишнината од раѓањето на еден од најзначајните македонски романописци, драмски писател, публицист, револуционер – првоборец, политичар и дипломат, Kоле Чашуле. Неговата ќерка, универзитетската професорка Огнена Никуљски потсети на делата на својот татко. -беше меѓу оние кои го отпочнаа востанието против окупаторот, на 11 октомври 1941 година, во Прилеп. Во 1940 година ги пренесува од Белград во Скопје првите примероци на „Бели мугри“ од Рацин.1942 година учествува во организирањето на атентатот на бугарски висок полициски функционер во Скопје за што го апсат и го осудуваат на смрт со бесење.Го организира успешното бегство од затворот на повеќе од 300 осуденици по што активно се вклучува во завршните операции за ослободување на Македонија. 1945 година го објавува својот прв расказ „Денот“, во списанието „Нов ден“, пишува Никуљски. Во 1971 Чашуле е назначен за југословенски амбасадор во Перу. Објавува и низа книги есеи: „Записи за нацијата и литературата“, „Нови записи“, „Македонски дилеми“,„Болно племе“, „Резиме за мојата генерација“, „а, бре, македонче“, „антимемоари“ и други.
Добитник е на низа награди: меѓу бројните е онаа за за драмски текст за драмата „Црнила“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста