100 кревети и персонал ќе се постават во стара „Систина“ – лекувањето на товар на државата

Министерството за здравство и приватните болници постигнаа договор – објектот на поранешната болница „Мала Богородица“ во скопската населба Тафталиџе да стане кон ковид центар. Предлогот бил на раководството на трите најголеми приватни болници, „Аџибадем Систина“, „Ремедика“ и „Жан Митрев“. Болницата ќе има 100 легла за пациентите болни од корона, а ќе почне да работи кон крајот на неделава, најавија здравствените власти.

„Денеска во објектот на поранешната болница Мала Богородица не забележавме никакви работни активности. Неофицијално дознаваме дека во зградата биле пуштени струја и вода, а довод на кислород ќе почне да се прави веќе од утре“.

Покрај довод на кислород, болницата ќе биде опремена со медицинска апаратура која ќе ја обезбедат приватните клиники. И кадарот што ќе работи со ковид позитивните пациенти ќе биде од ресурсите на приватните болници. Со болницата ќе менаџира државата. Пациентите кои ќе се третираа во оваа болница нема да плаќаат за лекувањето, вели министерот Филипче.

„И за сето тоа соодветен надоместок согласно постојните закони ќе плаќа државата. И лекувањето е на трошок на државата“, рече Филипче.

Од Министерството за здравство информираат дека за пациенти со компликации од корона вирус на кои ќе им биде потребно болничко лекување вратите ќе ги отворат Клиниката за очни болести, но и дел од хируршките клиники.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста