100 дена влада – Бизнисмените и економистите оптимисти

100 дена влада – Бизнисмените и економистите оптимисти

Мерки за заштита на стандардот на граѓаните, закрпени буџетски дупки , исплата на заостанати плати во државни институции, привлекување странски инвестиции, покачени пензии, зголемена наплата на царински давачки и даноци – првите сто дена  новата Влада ги постави темелите за раст на економијата.  Најавите и она што се оствари во првите три месеци за бизнисот се надеж дека конечно економијата ќе тргне напред. Тие ги чекаат парите од унгарскиот кредит, апелираат парите да се префрлаат преку комерцијалните банки, а пак во проектите кои ќе се изведуваат во општините да бидат вклучени домашни компании

Сите оние најави дека ќе има поттикнување на економијата и ќе се развиваат капитални инвестиции влева надеж дека може да имаме економски развој, сега се на ред се економските чекори, треба да се биде умен за да не се прават грешки .Oстанатите 250 милиони евра, апелираме дека ќе треба економските оператори претежно ќе бидат македонски компании, вели Миле Бошков од бизнис конфедерација на Македонија.

Бизнисот очекува дека Владата ќе постапува внимателно и нема да носи ад хок решенија заради политички интереси како што било во минатото.

Во оваа влада веруваме дека ќе биде конзистента и нема да има ад хок решенија заради политички идеи и политички решенија, се случуваше во минатото закони да се менуваат заради интереси, вели Бошков.

Дел од познавачите пак сметаат дека Владата повеќе била насочена кон надворешната политика, сеуште е рано да се видат ефектите. Посочуваат Владата да се посвети на поддршка на малите бизниси.

Државата мора да одвои средства за привлекување старт уп и за млади луѓе на луѓе кои би отвориле високо- технолошки компании и компании кили привлекување на компании кои се високо-технолошки преку давање на различни бенефити кон тие компании, бидејќи ќе придонесеме за висок квалитет и енергија, вели Пекевски.

Меѓу  приоритетите на Владата е Македонија конечно да добие модерна инфраструктура што е од клучно значење за стопанството, а на поле пак на енергетиката со инвестиции увозот на енергија ќе се сведе на минимум.Премиерот најави и дека до крајот на октомври, ќе биде донесена одлука за намалување на одредени даноци со цел Македонија да стане земја со најповолна даночна политика во регионот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста