НАЈНОВИ ВЕСТИ

100 милиони евра од ЕБОР за стабилен енергетски систем

Владата обезбеди кредит од 100 милиони евра од европската банка за обнова и развој за поддршка на стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија на домаќинствата и компаниите преку државната компанија ЕСМ.

Министерот за финансии посочи дека со овие средства ќе се поддржи ЕСМ за да непречено ги пружа услугите кон граѓаните и фирмите и покрај евентуални предизвици однадвор.

  • „Владата досега за справување со кризата донесе два пакета антикризни мерки во вредност од над 760 милиони евра, а за оваа година за таа намена се планирани 225 милиони евра. Договорот што денеска го потпишуваме е дополнување на ваквите мерки, со кои овозможивме граѓаните да добијат субвенционирана цена на електричната енергија, која финансиски беше поддржана од буџетот„ рече министерот за финансии Фатмир Бесими.