10 починати во тетовската болница – состојбата критична

10 починати пациенти за едно деноноќие во тетовската клиничка болница.Најмладиот на само 36 години.Состојбата со коронавирусот секој ден е се поалармантна.Бројките на новозаразени и хоспитализирани никако не се намалуваат,туку одат нагоре.Вчера имало рекорден број нови примени пациенти и амбулантски прегледи.

Лекарите молат граѓаните да бидат поддоговорни, да запрат семејните прослави и да се почитуваат мерките.Помладите лица кои не се чувствуваат добро, да се тестираат, а не слободно да шетаат низ градот,потенцијално заразувајќи други.

Заседаваше и кризниот штаб.Оценката е дека епидемиолошката состојба е крајно критична.За да се зголеми и убрза процесот на вакцинација, ќе се отворат нови пунктови на неколку места низ градот и веројатно ќе се работи во три смени, се до полноќ.Ако состојбата не се смирува, се размислува дури и за можно одложување на почетокот на учебната година.

Mилена Вучевска

Advertisements