10 јуни како никогаш до сега – крајот на учебната година во сенка на пандемијата

Денеска заврши учебната година за сите средношколци и основци. Овој пат во вонредни околности и надвор од училишните клупи, кои од 11 март се испразнија поради пандемијата. Во второто полугодие учениците и просветните работници се соочија со една не толку позната ситуација што ја наметна пандемијата, па последните три месеци, учебната година се заокружи со онлајн-настава за која Владата донесе одлука со цел заштита од Корона вирусот.
Министерот за образование, Арбер Адеми, им честита на учениците за постигнатите успеси и стекнатото знаење, пријатен распуст до почетокот на новата учебна година, со надеж дека ќе се вратат во училишните клупи.
“И покрај фактот дека не може да се замени наставата во училишните клупи, вие покажавте максимален интерес и посветеност да продолжите да учите од далечина со помош на родителите, и не се сомневам дека сте ја постигнувале целта” – напиша министерот.

Инаку, уписите на првачињата во новата 2020/2021 учебна година, започна на први месецов, и ќе трае до 30 јуни.
Првите уписни рокови за запишување во средно образование ќе бидат во средината на јуни, а спроведувањето ќе биде согласно протоколот од Владата по препорака на Комисија за заразни болести.
Оваа година нема да има полагање на државна матура, а матурантите ќе може да запишат високо образование на уписите во август или септември, со дипломата за завршено средно образование.

Адријана Алексиеска

Поврзани вести