10 хектари трска запалени во струшко, инспекторите бараат одговорност од Општината

Криминалот врз појасот трски на Охридското Езеро,не запира-само во последниве десет дена во три наврати, во заштитено подрачје на потегот од Струга до Калишта беше запалена трска на површина од дури 10 хектари.Последниот инцидент се случи вчера и тоа сред бел ден. Како резултат на ваквата деструктивна појава која се провлекува скоро една деценија, во целост е нарушен еко-системот на овој атрактивен потег,а крајбрежјето е изложено на сериозна ерозија-укажуваат екологистите.

Пред дваесет години, со трасирањето на рекреативната патека од Струга до Калишта се направи поделба на земјоделскиот имот во приватна сопственост и имотот што ѝ припаѓа на државата. Со несовесното работење на општинската администрација, спротивно на сите законски одредби, дел од тоа земјоделско земјиште доби статус на градежно, така што сопствениците на парцелите од едната страна на патеката запоседнаа и непречено стопанисуваат,узурпирајќи  имот на Р Македонија.

Ние сега имаме огромни објекти од левата страна кон езерото.Кој и зошто дозволил да се изградат?Постојат институции кои што се платени тоа да го прават, да ги штитат овие делови на езерото од вакви постапки,меѓутоа дефинитивно не, недоволно туку воопшто не си ја вршат својата работа затоа што до сега, барем јас не познавам некој да е санкциониран за таквите лоши посапки кон езеротоизјави Нестор Јаулески-биолог.

Од државниот инспекторат за животна средина велат дека направиле вонреден инспекциски надзор и поднеле барање за покренување кривична постапка до Јавно Обвинителство Струга за сторено кривично дело,загадување на животна средина и природата.Од таму прстот го вперуваат кон општина Струга.

“Со оглед на општинските надлежности кои произлегуваат од Законот за управувањето со природното и културното наследство во Охридскиот регион,доставен е допис до Општина Струга со укажување дека општината е одговорна за управување и спроведување на мерки и активности за заштита на овој регион и спречување на активности кои негативно влијаат врз исклучителните вредности. “– велат од Државен испекторат за живота средина.

Препораките на УНЕСКО се јасни и тие не се однесуваат само на Охрид. Во кој правец ќе се развива континуираниот хаос зависи од државните институции кои имаат надлежност  да спречат, да превенираат и да изречат казни-велат екологистите.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста