10 години нема лекови на позитивната листа, а ти што ги има тешко се наоѓаат во аптеките 

Позитивната листа на лекови не е ревидирана повеќе од една деценија, последните измени се направени во 2012-та години. На позитивната листа има непотребни лекови кои со години веќе не се произведуваат,а оние кои на граѓаните им се потребни и за нив живот значат-воопшто ги нема на позитивната листа.Некои од лекарствата дури и не можат да се набават, бидејќи ги нема никаде во аптеките низ државава.

  • Потребно е да се ревидира позитивната листа, бидејќи долго време не е ревидирана.Во моментов има недостиг на карбамазепин, лек за епилепсија а можеби и други лекарства рече Имер Имери-член на У.О. на Фармацевтска комора.

Граѓаните се жалат бидејќи секој месец треба да издвојат голема сума на пари за да ја обезбедат потребната терапија.Она што лекарите ни го препишуваат некогаш не можеме да го најдеме,тогаш сме принудени да бараме од фармацевтите лекови во замена кои се малку поефтини, а исто така не се на позитивна листа.  

  • АНКЕТА: 1.Лекарствата се навистина скапи тоа можам да кажам со сигурност и треба да се превземе нешто,барем овие основите лекови да бидат на позитивна листа, да има малку народот бенефит ; 2. Скапи се некои,ги има но скапи се; 3.  И сега на позитивната листа има, па не се ефикасни и тоа е многу битно.Иначе ова што е сега зборува и случајот со фиброзата, човекот почина од што, од негрижа на државата.

Министерот за здравство во заминување Беким Сали,вели дека најнапред многу важно било да се усвои правилник кој што ќе биде објективен ,а не правилник кој што ќе им даде можност за печалба на одредени производители за сметка на други компании.Работната група работела на правилникот и на измените на законот на лекови,но прашање е кога новите лекови ќе се најдат на позитивната листа?

  • Очекувам  во текот на  оваа година да бидат усовени двете групи на лекови и пациетнтие ќе може да набавуваат нови иновативни терапии по пониски цени или пак без доплата изјави Беким Сали-мин. за здравство.

Според динамината на движење работната група требло веќе да почне со првата група на лекои кои што се од примарната листа на лекови,односно тие што се купуваат по аптеки, а во втора фаза ќе биле внесени на позитивна листа и новите лекови.

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста