1-ви мај без масовни протести, но со јасни барања за работничките права

Притисок врз работниците, неисплатени или намалени плати, злоупотреба на државната помош, непочитување на Законот за безбедност и здравје при работа- долг е списокот на прекршувања на работничките права со кои работниците годинава  го прославуваат  Меѓународниот ден на трудот-први мај.

Двата најголеми синдикати, Сојузот на синдикати на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати посочуваат дека во изминатите две години евидентно е кршењето на работничките права.

КСС со паролите „Да живее 1 мај“ и „Правда за работничките права“го доставија до Владата првомајскиот манифест со нивните барања –  усогласување на платите по вертикала, исплата на К-15 за сите работници. Велат дека тоа право не може да се суспендира со уредби или со заклучоци на Влада. Исто така, бараат да престане прогонот врз синдикалните лидери и политичкиот притисок врз синдикалното организирање.

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија сериозно ги сфати новите предизвици со кои се соочивме и континуирано укажува и бара итно да се изнајдат решнија за надминување на ваквите состојби. Но, за жал одговорните државни органи не преземаа доволно сериозни мерки за излез од оваа ситуација. Постоењето на формален, а не суштински социјален дијалог го нарушува балансот на едно општество кое треба да го движат заеднички трите социјални партнери (Владата, синдикатите и работодавачите). Кај нас, Владата работи единствено по сопствено зацртаниот правец со подобни и послушни социјални партнери, со што економскиот и социјалниот просперитет станува недостижен за работникот –истакна Благоја Ралповски-председател на КСС. 

Вработувањето на определено време да трае најмногу една година бараат од ССМ, а истите договори автоматски да преминуваат на неопределено по изминувањето на првата година. Породолнo отсуство од 12 месеци, ковид-19 да биде професионало заболување и сто проценти платено – се дел од барањата на Сојузот на синдикати на Македонија. до Владата – ИЗЈАВА – ДАРКО ДИМОВСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ

– Во компаниите со над 30 работници регулирање на работничките права со колективен договор, бидејќи само така може да се намали бројот на работници кои примаат минимална плата, а знаеме достигнаа до 100 илјади, бидејќи висината на платата треба да се уредува со колективен договор според стручната подготовка и сложеноста на работа. Шесто, зголемување на минималната плата која треба да изнесува најмалку 60 проценти од просечната плата. Седмо, пензионирање по повеќе основи – старосна пензија, пензија по години на стаж, како и предвремена пензија. Седмо, здрави и безбедни услови за нас работници. Осмо, подобар здравствен систем и здравствени услуги достојни за граѓаните и работникот, додаде Димовски.

Дел од компликациите предизвикани од пандемијата со Ковид-19 до прва ќе станат видливи предупредуваат од ССМ.

– На овој ден повикуваме да се слушне и нашиот глас и бараме од сите релевантни чинители во општеството не само декларативни, туку реално да обезбедат поголема заштита на нашите работнички права и да обезбедат сигурни и безбедни работни места, поголема и социјална економска сигурност, како и инклузивност во процесот на креирање и имплементирање на младинските политики. Само така ќе го спречиме одливот на мозоци и младите својата перспектива ќе ја гледаат во својата држава, изјави Силјановска.

Од почетокот на пандемијата лани во март, од вкупната бројка на лица кои остана без работа и екзистенција  речиси 30 проценти се млади  под 29 години.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста