1.207 недвижности презеле банките поради неплатени кредити

1.207 објекти презеле банките од граѓаните и фирмите кои навреме не си ги плаќале кредитите. Барем толкав е бројот на станови, куќи, деловни објекти во сопственост на банките кои ги нудат на продажба, а можат да се најдат на најновиот Регистар на преземени недвижности на Катастарот. Сите банки имаат ваков имот кој сакаат што е можно побрзо да го продадат, а најголем број на вакви станови има Комерцијална Банка.

Оние, кои сакаат да купат ваков имот, можат да го пребаруваат Регистарот според град, адреса, квадратура. Од Катастарот велат дека не може да се случи банките да продаваат некој имот, а тој да не се најде на овој Регистар. Податоците ќе се преземале автоматски.

Голем дел од одземениот имот под хипотека, банките го продаваат неуспешно повеќе години. Најбрзо се продаваат помалите станови на атрактивни локации, а најбавно погоните, фабриките, деловните објекти кои се скапи и за кои тешко се наоѓаат инвеститори за продолжување на бизнисот.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста