1.000 украински војници и се предале на Руската армија во Мариупол

Речиси 1.000 украински борци скриени во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол се предале до сега , соопшти Русија. Ситуацијата во градот е катастрофална, комплетно е оштетена инфраструктурата, објектите се срамнети со земја, а по улиците има отпадни води кои се закана од потенцијална епидемија на колера. Портпаролот на руското министерството за одбрана изјави дека само во изминатите 24 часа 265 украински војници, од кои 50 ранети, го положиле оружјето.

„Милитантите на националистичката единица „Азов“ и украинските војници блокирани во фабриката „Азовстал“ продолжуваат да се предаваат во МариуполВо текот на изминатите 24 часа, 694 милитанти го положија оружјето и се предале, вклучително и 29 ранети. Пренесени се во болница во Народна Република Доњецк“, изјави Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана

Од украинската армија информираат дека Русија продолжува со ракетните напади врз воени цели и цивили низ цела Украина. Зеленски  тврди дека гранатирани биле регионите Лавов, Суми и Чернихив и воздушни напади во Луганск.

– Сето ова не е само создавање тензии за нашата земја, не само тестирање на нашите сили. Ова е еден вид обид на руската армија да ги надомести неуспесите на истокот и југот од нашата земја. Тие не можат да покажат успех со општа воена акција во областите каде што се обидуваат да напредуваат. Така тие се обидуваат да покажат успех со своите ракети и други активности. Исто така неуспешно – рече Володимир Зеленски, претседател на Украина

Во меѓувреме Шведска и Финска денеска официјално поднесоа кандидатури за членство во НАТО. Се очекува процесот на пристапување да трае неколку недели. Апликациите треба да ги разгледаат 30 земји-членки. Резервиран за зелено светло засега е турскиот претседател. Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова изјави дека со туркањето на Финска и Шведска да влезат во НАТО, само им се даваат одврзани раце на Соединетите Американски Држави.

Бојана Златкова

Advertisements