Џафери не го врати во Влада како нецелосен, туку спорниот предлог ќе оди директно на пленарна седница

Францускиот предлог ќе оди директно на пленарна седница , одлучи собранискиот спикер Талат Џафери по координацијата со пратеничките групи .  Кога ќе биде закажана седницата се уште не е познато, а  оправдувањето е дека не постоела деловничка одбредба која му овозможува на собранискиот спикер да го врати предлогот до Владата бидејќи го немаше протоколот и сите други документи,  што беше и барањето на опозициската ВМРО – ДПМНЕ.

Информација на еден лист хартија за вакво клучно прашање, според ВМРО – ДПМНЕ е нарушување на дигнитетот на Собранието.

ТОНСКО Никола Мицевски – координатор на пратеничка група од ВМРО – ДПМНЕ

– Листот хартија што Владата го нарекува Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за преговори помеѓу Македонија и ЕУ е крајно непочитување на нас пратениците. Не може со еден лист хартија да се дискутира за најважната работа во државата во наредните десетина години. Тоа е класична деградација на интегритетот и интелектот на секој пратеник. Дополнително, бараме под итно да се достави македонско-бугарскиот протокол, кој што претставува најважен документ во овој процес и кој што е клучен документ врз кој ќе се договараат правилата на игра помеѓу двете земји во наредниот период, рече Никола Мицевски координатор на пратеничка група од ВМРО – ДПМНЕ.

Иако Министерот за надворешни работи цела една недела наназад вели дека „утре ќе го објави и објасни протоколот“ , а дел од бугарските медиуми го објавија истиот , сега од владејачкото мнозинство упорно тврдат дека протоколот ниту бил потпишан, а она што се појавувало во медиумите биле лажни вести

Се повикуваме на некои информации кои се појавуваат по медиуми надвор од државата, па се пресенесуваат овде дека тоа е дел од Протоколот, па потоа имаме изјави кои што се пренесуваат Министерката за надворешни работи на Бугарија го повикува Министерот за надворешни работи на Македонија да ја потпишат рамката, сега има или нема Протокол ? Еве ви кажувам, Протоколот не е договорен и не е потпишан, изјави пратеникот од СДСМ Јован Митрески

Како прво седницата се организира за да се дискутира за преговарачката рамка, како второ Протоколот не е финализиран . Како да се сподели со јавноста нешто што не е финализирано, што не е потпишано. Дали веруваме на нашите институции и на шите претставници или ќе се повикуваме на лажни вести, рече Арбр Адеми од ДУИ .

„Лажните вести“ за власта ги побива и изјавата на  Министеркат за надворешни работи на Бугарја во оставка Теодора Генчоивска која откри дека со Османи се договориле да го кријат текстот на договорот и демантираше оти текстот на протоколот не е усогласен. Генчовска кажа дека има „џентлменски договор“ со Османи  да не се открива текстот и дека протоколите се затворени .

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста