Џафери безгрижен: И моето дете има право да се кандидира и да се вработи

Ќерката во МЕПСО, синот или обвинител или судија. Децата на Џафери убаво се вдомија во државните институции, а на претседателот на Собранието, око не му трепнува за скандалите кои ја тресат јавноста. Како за ќерка му така Џафери се правда и за синот. И неговиот син, иако положи правосуден испит без завршен факултет, имал право да биде јавен обвинител или судија.

  • „И моето дете има право да конкурира и да биде примено на работа“, вели Џафери.

Она што ја загрижува дополнително, стручната јавност, е тоа што ова не е прв пат на високи функции или раководни позиции да се поставуваат лица кои се роднини или пак лица блиски до политичарите. Уште поголем проблем е тоа што никој од властите не се оградува од селективноста, а уште помалку размислува за својот интегритет.

  • Прво слушнавме дека некои од кандидатите се уште немале дипломирано кога добиле потврди и кога го полагале правосудниот испит, тоа не се расчисти и од тоа не се оградија институциите кои што требаше тоа да го расчистат, односно не го објаснија дали ги преземале сите мерки, за да тоа да не влегуваат во највисоките инстанци во правосудството лица кои што имаа сомневања во однос на нивниот интегритет. Се прашувам колку се достојни за вршење на функциите нивните родители кои се високи функционери, а кои што исто така не се оградија од тоа дека имале влијанија во таквите избори“ вели Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнал.

Она што ја иритира јавноста е ноншалантноста на властите кои барем според дел од експертите воопшто не се ни трудат да ја убедат јавноста дека листата за акедемијата за судии и јавни обвинители е исправна, односно местото го добиле најквалификуваните кандидати.

  • Не видовме јавно објавување на резултати од другите кандидати и колку целата постапка била соодветно спроведена. Ние немаме информација за да можеме да кажеме дека немаме селективност, во тоа е проблемот, недоволна транспарентност, можности за влијанија, многу висок е процентот на лица кои се блиски и роднини со високи функционери. Се појави сомнеж во селективност, во протежирање на одредени кандидати кои се блиски до одредени функционери и непостои ниеден обид да се увери јавноста дека се е спроведено како што треба. Треба да се убедиме ние како граѓани, а јас не сум убедена и изразувам разочарување од целата оваа работа, а понатаму да мислиме за тоа како ова ќе го оцени ЕК кои будно го следат случувањата“ вели Тасева.

Инаку дури без малку 18 проценти од положените кандидати на академијата за судии и јавни обвинители се синови,ќерки, снаи, на актуелни функционери. Меѓу нив освен синот на Џафери, е и сопругата на обвинителот за организаран криминал Абази,која ќе му стане и колешка, како и Зоран Здравеев, син на Киро Здравев – експретседател на Судскиот совет, Илир Јакупи – син на Субхи Јакупи, ексчлен на ДИК и актуелен судија во Вишиот управен суд, Билјана Иванова – снаа на Цветанка Иванова, генерална секретарка на Собрнието, Драган Јосифовски –  син на обвинителката Елизабета Јосифовска, која беше дел од СЈО и заменичка на Катица Јанева.

Пред речиси три години исто така имаше наплив на роднински кадри во државните институции тогаш за 18 лица антокорпуциска отвори истрага меѓи кои беа сестрата на Бектеши, ќерката на Џафери, синот на Фрчковски, мајката на Костадинов,синот на Мисовски.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста