Ќе се стави ли крај на самоволието на министрите од ДУИ – и синоќа со службени возила на партиски настан

Нов партиски настан, нови трошоци на товар на државниот буџет. Има ли сила која ќе ги спречи интрегративците да одат со службени возила на партиските настани? Ниту Антикорупциска, ниту опомените од Грковска , допреа до министрите од ДУИ, па на партискиот митинг во Чаир повторно дојдоа со службените возила. На првиот вицепремиер Артан Груби во возењето на државна сметка друштво му правеа и министерот за финансии Фатмир Бесими и за образование Јетон Шаќири.

Истите функциионери истата злоупотреба ја направија пред само една недела на промоцијата на книга во организација на лидерот Ахмети. И тогаш како и сега министрите со службените возила дојдоа на настанот. Но ова не се единствените прилери, владини функционери да се развозуваат на партиски активности со коли и гориво од парите на граѓаните. Министерот за надворешни Бујар Османи водеше партиска агенда во предизборие што го утврди и Антикорупциска, како и трошокот што го направи Груби за превозот со државно возило до Мала Речица.

Токму на ДКСК постојано се повикува и вицепремиерката за добро владеење Грковска која има надлежност само да опоменува. Таа избегна да одговори дали ќе дочекаме владините функционери да почнат да го почитуваат етички кодекс.

  • новинарско прашање: „Вицепремиерке, само последно прашање, бидејќи секој ден се повторуваат истите работи, истите скандали со министрите, истите криминал, дали мислите дека постои чуството на етика и морал кај функционерите?“

И спикерот Џафери ја пее старата песна. Претседателот на законодавниот дом во секоја смисла сака да ги поддржи сопартијците, па е главен гостин на сите настани на интегративците откако остана без функцијата во партијата. И тоа беше спорно бидејќи во Уставот јасно е наведено дека претседател на собрание е функција која е неспојлива со друга особено не партиска. Па на синоќешниот митинг отиде и чекор понатаму одржа и говор што е спротивно на етичкиот кодекс.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста