Ќе одговараат ли родителите на малолетните силувачи, каде затаило училиштето, институциите?

Училиштето, психолозите, МВР, обинителство, а најмногу родителите на силувачите мора да утврдат што придонело до грозоморниот чин на силување на малолетникот од исто така малолетните силувачи – што деновие ја вознемири јавноста. Ова, таканаречено мултисекторско решение го предлагаат дел од социјалните работници и психолози кој работат со деца во ризик.

Ивана Илиев, социјален работник со долгогодишно искуство со деца во ризик, вели дека сите засегнати страни треба сериозно да се посветат на решавање на случајот, а особено родителите. Според неа, силувањето е сигнал дека никој не се занимава со психичкото здравје на децата и како тие во експанзијата на социјалните мрежи си го наоѓаат своето место во општеството.

„Многу малку се работи на психолошкото здравје кај младите кои се преплавени од информации кои ги црпат од социјалните мрежи и постоа самите си го наоѓаат своето место во општество“, вели Ивана Илиев, социјален работник во невладин сектор.

По исцрпното сослушување на малолетниците и родителите во полициска станица Бит Пазар, предметот е даден кај јавен обвинител. Центарот за социјални работи го презел предметот, па по негово разгледување, обвинителството ќе одлучува дали постои кривична одговорност кај родителите, информираат од ОЈО.
Основното јавно обвинителство Скопје е известено за настанот. Пријавените деца се помлади од 14 години, па со оглед на тоа, тие се исклучени од кривична одговорност. Центарот за социјални работи ќе го провери настанот, информира ОЈО.

Пред само неколку месеци, 17 годишна средношколка од Тетово уби 16 годишен тинејџер, за што беше осудена 10 години затвор. Во истиот град му се суди и на 14 годишен малолетник кој со нож повредил врсник, а група малолетници следејќи видео на платформата ТИК ТОК, влегувале по куќи и вршеле кражби.  Со оглед на се почестите вакви појави во македонското општество, психолозите и социјалните работници предупредуваат, оти децата кои растат со родители, а се појавува вакво однесување – тогаш главниот виновник се родители кои навремено не ги забележуваат знаците кај тинејџерите и не работат на превенирање.

Во врска со последното малолетничко силување, кривично може да одговараат родителите ако Центарот за социјални работи утврди дека силувачите се воспитно запуштени деца.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста